Сателитска снимка од Бонче...

Бонче

Бонче

Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Бонче (Bontché) е посочено како село со 55 домаќинства и 248 христијани и 9 Цигани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) оd 1900 година, Бонче имало 350 жители христијани.
Во почетокот на XX век, Бонче било егзархиско село.

Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бонче имало 240 христијани егзархисти.

Според пребројувањата во 2002 година Бонче има 45 жители.

Со избувнувањето на Балканската војна двајца жители од Бонче биле доброволци во Македонско-одринскиото ополчение.

Археолошки локалитети:

1. Висока, Цуцулот, Каве, 2 км југоисточно од селото, кота 1472 метри, остатоци од раноантички град – акропола од класично, хеленистичко, римско време и доцноантички/рановизантиски кастел 6 век н.е. (истражувач професор д-р Виктор Лилчиќ, Филозофски факултет Скопје);

2. Градиште Цветково, 1 км југоисточно над селото, остатоци од раноантичка тврдина 4 век пред н.е., заштита, предстража на градот на Висока;

3. Павла Чука, Раноантичка монументална кружна гробница на пелагонски владетел, можеби кралот на Пелагонците од 4 век пред н.е. (раководител на локалитетот доцент д-р Антонио Јакимовски, супервизор проф. д-р Виктор Лилчиќ од Филозофски факултет Скопје);

4. Колкот, доминантен рид југоисточно над Павла Цука со остатоци од кружна култна градба, со дијаметар 30 метри за ритуални манифестации;

5. Долот од Павла Чука до подножјето на Висока на исток, голема раноантичка некропола на градот Пелагониа (?);

6. Вигната, остатоци од ранохристијанска базилика;

7. Спаница, осамени наоди од хеленистичкото и доцноантичкото време. Во близината на селото се најдени монети на Александар Македонски и Јован II Комнен. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп;

8. Старо Бонче, некропола од хеленистичкото и римското време;

9. Црквиште, населба од хеленистичкото и римското време. Во непосредната близина на селото се најдени мермерна ара со грчки натпис, тркалезни тули, исто така со грчки натпис, антички монети и помали бронзени статуетки. На површината има остатоци од темели на објекти и многу градежен материјал. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc