Детски парк во Беровци.

Беровци

Беровци е расположено во областа Пелагонија.

Во селската црква има локалитет од римско време.

Во XIX век Беровци било село во прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Беровци (Bérovtzi) е посочено како село со 29 домаќинства и 144 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Беровци има 230 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век, населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Беровци имало 120 егзархисти и работело бугарско училиште. При избувнувањето на Балканската војна, еден човек од Беровци бил доброволец во Македонско-одринското ополчение.

Според пребројувањето од 2002 година, селото има 334 жители, од кои 333 се Македонци.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc