Семејството Чкатровци со своите роднини од Вртановци...

Чкатровци

Чкатровци

Спиро Чкатра-Патарот, градител на патишта. Неговиот татко Злате е еден од Основачите на ИМРО. Тој му забранил на својот син да се меша во „Голема политиката“.

Димитар Чкатров е роден во Прилеп во 1902 година. По завршувањето на основното образование и Гимназија во Прилеп се запишал на Техничкиот факултет на Белградскиот универзитет за градежно инженерство. Како студент станал член на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО) и активно учествувал во организирањето на младината во Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Крушево. Стекнал голем авторитет меѓу студентите и локалната интелигенција и станал еден од раководителите на организацијата и на т.н. комитска група-петорка.

Настаните околу Скопскиот студентски процес на 5 декември 1927 година го засегнале и него. И покрај советите да емигрира, останал, при што набрзо бил уапсен заедно со поголема група на студенти во Белград.

Ванчо Михајлов се обидел судскиот процес да го искористи за свои цели, настојувајќи студентите да ги прикаже како Бугари, дека се борат за бугарската кауза. Организацијата на Михајлов дури ја плаќала и одбраната, а од Загреб специјално дошол да ги брани тогаш познатиот адвокат Анте Павелиќ. Пресудите биле изречени на 10 декември 1927 година. Димитар Чкатров е осуден на 10 години строг затвор. За време на процесот во судот покажал издржливост и храброст, поради што го добил прекарот „Железните гради“. Пресудата ја отслужил во затворите во Скопје, Ниш, Пожаревац и Лепоглава, кога бил и нападнат од потплатено лице и бил ранет со нож во градите. Подоцна, при неуспешен обид за бегство, се застрелал во градите, преживеал и повторно бил вратен на отслужување на казната.

По 1936 година заедно со Димитар Ѓузелов и Спиро Китанчев се вклучил во демократската организација МАНАПО (Македонски народни покрет), а следната 1937 година го продолжил факултетот и станал градежен инжинер.

Со почетокот на окупацијата на Македонија во 1941 година, Димитар Чкатров се залагал за идејата за протерување на српските колонизатори и како голем противник на комунизмот бил против влијанието на КПЈ во Македонија. За време на окупацијата ја извршувал и функцијата директор на фудбалскиот клуб „Македонија“ од Скопје.

Во 1945 година со неговите соработници бил уапсен и изведен пред Народниот суд на Југославија под обвинение за соработка со окупаторот и ширење на големобугарски идеи. Народниот суд им изрекол смртни казни со стрелање на: Димитар Чкатров, Спиро Китанчев и на д-р Панајот Хитров, а со смрт со бесење бил осуден Димитар Ѓузелов.

Димитар Чкатров во својот завршен збор пред судот изјавил:
„Ако се свртам кон мојот изминат пат ќе видам дека тој е исполнет само со страдања и мачења. Откако знам за себе, се давав за Македонија. Секогаш сум се раководел само со едно: Доброто на Македонскиот народ. Јас ја доживеав најтешката судбина на еден син на Македонија. Толку лежев по Српските затвори, а ете денеска сум исправен пред најтешкиот суд – да ми суди мојот суд, мојот народен суд. Искрено се радувам дека се создаде слободна Македонска држава и нека живее народот среќно во неа, а ако сум направил некому лошо, јас искрено жалам“.

Смртната пресуда била извршена во близина на Скопје, кај Зајчев рид.

По убиството на Димитар Чкатров, неговиот брат Јордан, кој бил осуден на 15 години, започнал штрајк со глад во знак на протест, при што умрел на 27-от ден во затворот.

Инг. Димитар Чкатров и Димитар Ѓузелов, како и повеќето други Македонски интелектуалци од тоа време, како членови на ММТРО, обединети во нивниот Граѓански форум, ја признале окупаторската власт и затоа имале моќ и авторитет да се борат против неа со ненасилни средства.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc