Прилепски домаќинлук
Кристалната чаша на Алекса Димов Бабов
Чашата има размер 8,5/14 см. од 0,5 л. Покриена е со бронзен капак висок 8,5 см. Над рачката од чашата, во својство на отворач, се наоѓа извајано бронзено ангелче со крилја. Во подножјето на капакот, со ракописни латинични букви, изгравирано е името на Алекса Димов Бабов.
Кристалните чаши на Бабовци биле набавени и изгравирани во Виена, каде браќата Бабовци имале трговски зделки. Изгравираните чаши браќата традиционално ги користеле двапати годишно, и тоа за верските празници Велигден и Митровден (семејна слава). Со нив консумирале вино само сопствениците на чашите, чие име било изгравирано на подножјето на бронзениот капак.
Коментирај