1927: Основачите на прилепската занаетчиска задруга.

Прилепската занаетчиска задруга

Првите занаетчиски задруги во Прилеп биле формирани од кондураџиите кои биле организирани во три задруги.
Целта на создавањето на задругите била заедничкото набавување на материјал и заедничка продажба на готовите производи.

Прилепската занаетчиска задруга е формирана на 27 август 1927 година, со цел да биде кредитор на занаетчиството.
Основачкото собрание било одржано на 4 август 1927 година.

Задругата имала управа и надзорен одбор од по 3 члена. Задругата работела со успех, а бројот на задругарите од година во година растел, така што во 1937 година биле зачленети 249 задругари.

Штедните влогови од задругарите во задругата во 1937 година изнесувале 81.523 динари постојана заштеда и 190.650 динари обична заштеда.

Во задругата ченувале прилепските слаткари, шеќерџии, ортомџии, самарџии, чевлари, свеќари, ќурчии, кожувари, кујунџии, печатари, пекари, терзии, предилничари, ковачи, колари и многу други.

Со помош на занаетчиската задруга, во Прилеп се изградил и занаетчискиот дом со кино сала.

Нема Коментари

Коментирај