ПРИЛЕПСКА ТИПОГРАФИЈА
Типографија (τύπος (типос) – удира и γραφή (графи) – пишува) е уметност и вештина за креативно дизајнирање и употреба на букви и текст со цел содржината на напишаното да биде читлива, јасна и визуелно привлечна на читателот. Во типографијата се вклучени стилот, изгледот и структурата на фонтот (буквите) кои кај читателот треба да предизвикаат емоции и кои на вистински начин треба да го пренесат значењето на текстот.
Потеклото на типографијата може да се бара во првите рачно напишани букви. Типографијата опфаќа сè од калиграфијата преку дигиталниот тип што го гледаме денес на веб-страници од сите видови.
Во овој албум е претставена рачната типографија, логоата и натписите на занаетчиски претпријатија и фирми од Прилеп.
Голема благодарност до Мери Бошкоска
Коментирај