Прилепската плоча...

Прилепска плоча

Прилепската плоча

Оваа плоча е пронајдена во 1966 година, во старата црква „Свети Димитриј“ во селото Варош кај Прилеп, во делот на црквата, кој е изграден пред XIII век.

Плочата е парче бел мермер, која содржи два текста. Првиот текст е од античко време и напишан е со грчки букви, во кој се зборува за римскиот цар Марко Аврелиј од 138 година, додека вториот текст беше непознат, зашто текстот не беше напишан на кирилица, латиница, ниту на грчки јазик. Во самиот текст, на неколку места се препознаваат кириличните букви З,Ц и ШТ, како и глаголичните букви А, К, П, Б, Р, ШТ, С, ЈАТ во облик на триаголник, како и Х.

Во 1969 година, академикот Владимир Мошин оваа плоча му ја покажал на рускиот славист Андреј Степанович Љвов, па дочле до заклучок дека, можеби се работи за ерменско писмо.,Па така, во 1970 година Владимир Мошин снимките од плочата ги однесол во Русија, каде биле проследени во Архивот за стари ерменски ракописи во Ереван, заради дешифрирање на текстот.

Резултатите биле познати во 1971 година, кога О. Егањан го превел целиот текст и го датирал во 1002 година. Во самиот текст се зборува за доаѓањето на „тер“ Атанас = господин Атанасиј, за да го обнови „разурнатиот храм на Светиот Апостол, како ктитор или игумен на овој ерменски Манастир во Македонија.

Овој епиграфски споменик е скапоцен, поради тоа што потекнува од времето на владеењето на македонскиот цар Самоил.

Превод:

„ДА ЈА ВОЗВРАТИМЕ СЛАВАТА НА СВЕТА БОГОРОДИЦА (!) ВО ГОДИНАТА 651 ИЗГРАДЕН (?) ПРЕГРАДЕН (?) ОБНОВЕН (?) ДОМОТ НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ. И ВИЕ КОИ ЌЕ ПЕЕТЕ ВО ОВАА СВЕТА ИСПОВЕДАЛНИЦА, ИЗМОЛЕТЕ КАЈ ХРИСТОС ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СВЕШТЕНИКОТ – ТЕР АТАНАСИЈ ОД ГРЕВОВИТЕ. ВО ОВАА ПУСТИНА ГО ПОЧИТУВААТ НЕГОВИОТ СПОМЕН И НЕКА ГОСПОД СЕ СМИЛУВА НАД ВАС. АМИН!“

~ Преводот на плочата е од О. Егањан.

Нема Коментари

Коментирај