Црква „Свети Никола“, село Кошино.

Црква „Свети Никола“, село Кошино

Црква „Свети Никола“, село Кошино се наоѓа во Долното маало во селото Кошино. Таа е ѕидана од камен и првобитно била покриена со плочи. Ѕидовите се фрескоживописани. Најверојатно, црквата е изградена во првата половина од турското владеење, околу XVII век, а во XIX век е обновена. Таа претставува мала, еднокорабна и полукружно засведена градба. На источната страна завршува со петтострана апсида. Селскиот панаѓур се одржувал на летен Свети Атанас. Овој ден некогаш бил слава на манастирот, кој се наоѓал околу 200 метри источно од селото. На местото, каде што некогаш бил манастирот, има стара дабова шума, која селаните не ја сечат. Над селото се наоѓа местото Горна црква. Таму постоела црква во чест на „Свети Димитриј“. Од таа црква сочувани се „грамади“ од ѕидови.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc