„Црква Свете Пречисте код Прилепа“... 1924 година

Црква „Света Богородица – Пречиста“ во Варош

Црква „Света Богородица – Пречиста“ во Варош

Црквата „Света Богородица – Пречиста“ во прилепскиот Варош, според еден извор, била подигната во 1416 или 1438, значи во XV век, од Павле и Радослав, синови на Теодор.

Таа е еднокорабна црква, повисока од стандардните од овој тип, подигната од кршен камен и два реда тули во нејзиниот горен дел, и со апсида полукружна, однадвор и однатре. Во внатрешноста на црквата, во нејзината апсида, сочувани се претставите на Света Богородица – Ширшаја со малиот Господ Исус Христос на градите, а под неа, композицијата „Великиот вход“. Тие се изработени од талентиран зограф,кој умешно владеел со својот занает, при што создал дела со прецизен цртеж и впечатлив колорит. Сигнатурите се напишани на старословенски јазик.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc