1924: „Манастир Светих Арханђела код Прилепа“...

Манастир „Свети Архангел Михаил“ во Варош

Манастир Свети Архангел Михаил во Варош

Во близина на Прилеп, над населбата Варош, се наоѓа манастирот Св. Архангел Михаил со црква и стари манастирски конаци.
Денешниот изглед на црквата, со исклучок на западниот дел, ги носи сите карактеристики од последната преправка која е извршена во 1861 год.
Архитектонски решена, тоа е еднократна градба. На источната страна е полукружна апсида, а на западната е отворен трем над кој се издига камбенаријата. На јужната фасада од западниот дел на црквата, зачуван е само еден од оригиналните прозорци кој се наоѓа во горниот дел. Останатите прозори на јужната страна и северната фасада на источниот дел од црквата се изградени 1861 год, при последната поправка. Црквата Св. Архангел Михаил во научниот свет била предмет на проучување. Проблем претставувало нејзиното првобитно подигнување и подоцнежните доградби. Имено, едни тврдат дека западниот дел е првобитем, а други источниот. Најновите истражувања одеа во прилог на тезата дека источниот дел е првобитен, а подоцна кон западната страна на таа црква бил подигнат, односно дограден, дел со купола. Во 1861 год. дошло до израмнување на западниот дел од надворешната страна, подигање на камбанеријата и поставување мермерна плоча во која се зборува за обновата на црквата.

Може да се мисли дека негде во втората половина на XII век, била подигната првобитната црква Св. Архангел Михаил во нејзиниот источен дел. За тоа ни зборуваат фрагментарно зачуваниот живопис во олтарната апсида и во нишите од проскомидијата и ѓаконикот.
Најдени се остатоци од фрески со прилично добро зачувани ликови на архиереи кои и припаѓаат веројатно на првобитната црква, или пак се остатоци од некогашната капела подигната и живописана во XII век, како и остатоци од ѕид со зачувани фрески на владетелски портрети. Сите тие пронајдени се во наосот на црквата за време на археолошките истражувања.
Понатамошните истражувачки работи дадоа и други важни работи. Имено, западниот дел на црквата имала акри поставени на конзоли, над кои со помош на пандантифи се издигала купола.
За време на истражувачките работи на живописот на западниот дел на црквата беше откриен ктиторскиот портрет. Според делумно зачуваниот натпис, ктиторот на црквата бил монах Јован. Откриени се и повеќе ликови на светци во цел раст во првите зони на ѕѕидовите како и композициите “Христос пред Пилат”, “Патот на Голгота” и “Симнување од крстот”.
Црквата Св. Архангел се уште е недоиспитана, затоа и истражувањата продолжуваат.

Во манастирскиот двор, како и на самиот црквен трем, наоѓаме фрагменти од античко време. Монолитните камени столбови од тремот на црквата се остатоци од антиката, а на еден од нив, е зачуван врежан натпис со кирилични букви од 991 год, во кој се споменува смртта на Андреа. По натписот на надгробната плоча на самоиловите родители од 993 год, ова е втoро по старост словенски натпис со кирилични букви. Од двете страни на црквата, на стрмната падина, во XIX век, се изградени манастирски конаци. Тие се дело на прилепските занаетчии кои ви XIX век, на врвот на материјалната благосостојба, се организираат во еснафи. На секоја одаја во конаците зачувани се пригодни натписи со објаснување за учеството на одделните еснафи во изградбата на конаците. Од архитектонска страна конаците се убав пример на старата градска архитектура, чија основна дејност се состои во логичната и проста диспозиција на одделенијата, во извесно совладување на програмата и лесното и смислено поврзување на зградата со амбиентот.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc