Манастир „Свети Јован Крстител“, село Небрегово

Манастир „Свети Јован Крстител“, село Небрегово

Манастир „Свети Јован Крстител“, село Небрегово

Манастирската црква „Свети Јован Крстител“ во село Небрегово е изградена во 1970 година, по иницијатива на селскиот црковен одбор, на имот, каде што претходно постоела стара црква. Остатоците од старата црква се наоѓаат на источната страна, зад олтарниот дел од денешната црква.

На 17 мај 1992 година осветени се темелите за градба на новата манастирска црква.

Во црковниот двор е изграден конак. Првиот дел од конакот е изграден во 1970 година, а потоа на неколку наврати извршувани се доградби. Иницијатори и помагачи за градбата на конакот се Пере Јончески и Миле Младеноски од село Небрегово. Првиот дел од конакот е довршен во 1992 година, кога е и осветен. Во тек се работните активности за доградба на западниот дел од конакот.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc