Манастир „Свети Илија“, Дрен.

Манастир „Свети Илија“, село Дрен

Манастир „Свети Илија“, село Дрен

Манастирот „Свети Илија“ се наоѓа во непосредна близина на селото Дрен. Забележано е дека во почетокот на ХХ век на ова место постоеле само темелите и престолот. Најверојатно, манастирот е разурнат за време на турското ропство.

Благодарение на пожртвуваноста на ктиторот Цветко Ѓорѓиоски, на ова место во 1950 година изградена е малечка црквичка, каде што почнале да се собираат дренчани за празникот Свети Илија, „кога се правеле покрсти до Селиште“, како и за празникот Свети Архангел Михаил. Меѓутоа, оваа црквичка била малечка и скромна, па по иницијатива на црковниот одбор изградена е поголема црква, која била осветена на 2 август 1972 година од митрополитот Методиј (Попоски).

Со анагажирање на црковниот одбор (Милан Најдоски, Блаже Недески, Диме Недески, Кире Недески и Атанас Талески), а со благослов на епархисхиот архиереј господин Петар, оваа црквичка, која не ги задоволуваше верските потреби, а беше изградена повеќе како импровизација, во 2008 година беше урната. На 7 јуни 2008 година беше извршено осветување на темелите за новата манастирска црква.

Благодарение на несебичноста на иницијативниот одбор, дарежливите прилепчани и штедрите стопанственици од Прилеп, за кусо време беше изградена новата манастирска црква од делкан камен. Осветувањето на новоизградената манастирска црква се случи на 26 април 2014 година, на Светла Сабота. Чинот на осветувањето го изврши Митрополитот Петар, со бројни свештенослужители од Прилепското архиерејско намесништво.

Во манастирот „Свети Илија“ секоја година традиционално се одржува меѓународната сликарска колонија „Дрен“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc