Манастир „Света Недела“, село Стровија

Манастир „Света Недела“, село Стровија

Манастир „Света Недела“, село Стровија

Темелите за манастирската црква „Света Недела“ во селото Стровија се осветени на 28 април 1968 година, на Томина недела. Темелите ги осветил протоереј-ставрофор Борис Талески, со благослов на Митрополитот Преспанско-битолски Климент. Црквата, пак, осветена е на 2 мај 1976 година. Чинот на осветувањето го изврши Пелагонискиот епископ Ангелариј.

Новоосветените темели на црквата се сметаат за остатоци од стара манастирска црква, посветен на истата великомаченичка, за кој нема податоци кога е урнат, но сигурно во почетокот на Османлиското ропство. Остатоците од древната црква, која се наоѓала покрај брегот на тогаш бујната Стровиска река, денес можат да се лоцираат во низините, така што денес од неа е загубена секаква трага. Единствено нешто, кое асоцира на дамнешните времиња, е една мала чешма, на чија вода се припишува чудотворно дејство и носи име по манастирската црква.

3 коментари

  • зоки September 11, 2012

    Najubaviot Manastir vo Prilepskata opstina e Manastirot SVETA NEDELA koja se naoca vo s. Strovija , koja dava mir na sekoj posetitel koj prestojuval vo nego i po sekoe doacanje vo nego covekot pak ima zelba da go poseti . Vo ovoj Manastir mnogu luce si doacaat za mir na svojata dusa

    Respond
  • Долгобрадестиот November 14, 2012

    Да, да, и скари секоја недела се прават… И музика ечи како да се на концерт на Сузана Спасовска… Понекогаш и се колат со ножеви… Ама важно манастир е тоа!

    Respond
  • Bobi November 19, 2014

    Eden od najubavite manastiri vo Makedonija. Te poddrzuvam Zoki stvarno e taka no i ima isklucoci koi go narusuvaat toa kako sto napomena Dolgobradestiot. Sum naiduval na sekakvi drustva na koj namesto prekrasnata priroda i okolina i mir go pretvoraat vo diskoteka i se ostavaat vo nered okolu niv no i takvi koi se primerni prijatni i koi znaat kako ubavo da si pominat i ostavaat cisto zad niv kako sto i nasle. Golem pozdrav do najdobrata baba tamu: BABA PACA…

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc