Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин

Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин

Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин

Во Никодин се наоѓа манастир во чест на „Раѓањето на Пресвета Богородица“. Манастирот е подигнат на местото каде што се наоѓала старата црква во чест на „Света Троица“, која постои и денес. Централниот престол на оваа црква е посветен на Света Троица, додека другите два се посветени на Раѓањето на Пресвета Богородица и Свети Теодор Тирон. . Манастирот се наоѓа на околу 3 километри на исток од селото. Сместен е меѓу високите врвови Јасенова Глава и Ножот. На темелите од новоподигнатиот манастир, во времето кога Балканот бил под Османлиско ропство, постоел манастир, кој бил метох на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец. Меѓутоа, овој манастир од Турците бил урнат, а постои предание дека во времето кога манастирот бил урнат, во него живееле седум калуѓери, кои биле заклани од Турците. Затоа, местото каде што е изграден манастирот, го добило името Калуѓере.

Подоцна манастирот е обновен. Меѓутоа, манастирската црква просторно била мала. Затоа благочестивите верници од Никодин, под управа на доста вредното манастирско настојателство, се ангажирале за проширување на старата манастирска црква. За неполни четири години, од 1977 до 1981 година, не само манастирската црква, туку биле направени уште две придружни згради со повеќе простории, со средства од доброволни прилози на верниците. Прв пат манастирот е осветен на 21 септември 1981 година, а чинот на осветувањето го изврши Митрополитот Петар.

На 25 ноември 1987 година, Митрополитот Петар ги освети темелите за градба на новата манастирска црква. Свеченото осветување на новата манастирска цркв аго изврши Митрополитот петар на 17 октомври 2010 година, во сослужение на бројно свештенство од Прилепското архиерејско намесништво и со присуство на многу верен народ.

2 коментари

  • Написот е супер,само имате системска грешка при делење на линкот на Фејзбук,не се појавува сликата

    Respond
  • PSF March 1, 2017

    Средено е…

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc