2011 година... Црквата Свето Преображение

Црква „Свето Преображение“

Црква „Свето Преображение“

Црквата „Свето Преображение“ во Прилеп со градењето е завршена во 1871 година и се наоѓа веднаш до соборната црква „Свето Благовештение“. Иницијативата за градба на црквата е од грко-влашкото лоби во Прилеп, кое не се приклонило кон Бугарската егзархија, туку останале лојални на Цариградската патријаршија. Со цел да го ублажи спорот меѓу двете страни (грко-влашкото лоби и словенското лоби), Патријаршијата, со помош на турската власт, издејствувала нов ферман за градба на црква, во која ќе се богослужи единствено на грчки јазик.

Црквата е изградена на имотот на семејството Налетоски, кое и го подарило својот имот за грчката општина.

Црквата претставува трикорабна базилиика, со пет куполи, подигната над нивото на земјата, што ја објаснува привилегираната положба на Власите во тоа време. На надворешната источна страна има деветаголна апсида.

Во 2001 година е осветена новата камбанарија, која со својата импозантна градба се одвојува од останатите камбанарии во градот.

Во 2007 година изработен е нов иконостас од костеново дрво.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc