1916: Црквата Свети Димитриј во Варош...

Црква „Свети Димитриј“ во Варош

Црквата „Свети Димитриј“ во Варош е изградена во доцниот XIII век.За точното време на градење, како и за имињата на луѓето кои ја подигнале црквата, науката не располага со точни податоци.

Во една повелба на цар Душан, во XIV век, се спомнува нејзиното постоење и нејзината припадност кон манастирот Трескавец, којшто се наоѓа во околината на Прилеп.

За денешниот изглед на црквата, утврдено е дека претставува спој од неколку градби, коишто потекнуваат од различни временски периоди. Таа е крстообразна црква, над која се издига купола поставена на дванаестостран тамбур. Впечатлива е керамопластичната декорација на фасадите и апсидата, која и дава убав и богат изглед на нејзината надворешност. Во внатрешноста, црквата била живописана, а од нејзиниот мебел денес се сочувани царските двери, изработени во резба и датирани во XV/XVI век.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc