Осветувањето на црквата во Смолани во 1972 година.

Црква „Свети Димитриј“, село Смолани

Црква „Свети Димитриј“, село Смолани

Црквата „Свети Димитриј“ во село Смолани почната е да се гради уште во 1905 година. Меѓутоа, по осветувањето на темелите, изградбата била запрена од турските власти, а дури по Уриетот од 1908 година, градбата продолжила, за истата да биде довршена во 1909 година. Бидејќи селото било со мал број на жители и осиромашено, тие не можеле веднаш да ја подготват црквата за осветување. За тоа влијаеле и историските настани од овој период (Балканските војни, Првата светска војна, поделбата на Македонија на три дела и разните окупации).

Благодарение на иницијативниот одбор и членовите Никола Насевски, Методија Илиевски, Методија Спирковски, Томе Трајковски, Ило Велкоски и Спасе Конески, на 21 мај 1972 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски господин Доситеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Американско-канадско-австралиски господин Кирил, како и повеќе свештенослужители од Прилепското архиерејско намесништво, благоизволи да го изврши чинот на осветување на оваа црква.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc