Црква „Свети Атанасиј“, село Мрамор.

Црква „Свети Атанасиј“, село Мрамор

Црква „Свети Атанасиј“, село Мрамор

Црквата е подигната врз темелите на старата црква. По иницијатива на иселените мраморчани, кои на 3 март 2000 година одржаа Собрание, одлучено е да се обнови старата разурната црква. За таа, цел формиран е Иницијативен одбор за градба на црквата.

Благодарение на заложбите на мраморчаните, кои живеат во Прилеп: Никола Николов, Драган Ристески, Живко Костадиноски, Јован Димоски и Јован Андонов, а со благослов на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Петар, на 2 август 2000 година, тогашниот архиерејски намесник на Прилепското архиерејско намесништво, протоерејот-ставрофор Петре Ристески, ги освети темелите за градба на црквата во чест на „Свети Атанасиј Велики“.

Црквата е изградена со скромни димензии, а се очекува денот на нејзиното осветување.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc