Црква „Пресвета Богородица“, село Крапа.

Црква „Успение на Пресвета Богородица“, село Крапа

Црква „Пресвета Богородица“,село Крапа

Крапа се наоѓа на 7 километри од магистралниот пат, што води од Прилеп за Македонски Брод. Селото е сместено во пределите на планината Барбарас. Во селото има еден постар храм, посветен во чест на „Свети Никола Чудотворец“. Со ангажирање на црковниот одбор, а посебно на членот на Одборот, г-дин Василко Петревски, на местото каде некогаш се наоѓале остатоци од стара црква, била изградена нова црквичка, која била осветена со чинот на малото осветување во 1960 година.

Желба на селаните била црква да биде осветена и со чинот на Големото осветување. Оваа нивна желба се исполнила на 24 јули 1977 година, кога црквата во чест на „Успение на Пресвета Богородица“ била осветена од Тивериополскиот епископ Горазд, кој тогаш бил во својство на администратор на Преспанско-битолската епархија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc