Прва светска војна: Јордан Тренков на служба во бугарската армија

Јордан Тренков

Јордан Тренков е роден 1880 година во Прилеп.Тој е постар брат на револуционерот и учител, Петар Тренков.

Во 1898 година ја завршил Солунската машка гимназија „Свети Кирил и Методиј“ и во периодот меѓу 1899-1903 година учителствал во родниот град. Влегол во тајното револуционерно братство во Солун, а по неговото растурање станал член на Македонската револуционерна организација (МРО) и предводел еден од двата табора меѓу прилепските дејци на организацијата а додека другиот табор бил предводен од Петар Ацев.

Во 1903 година бил делегат на Смилевскиот конгрес, по што е назначен за член на прилепското горско началство. Во јуни 1903 година бил уапсен од турските власти, но успеал да избега од затворот и да учествува во Илинденското востание.
По задушувањето на востанието бил меѓу ретките раководни дејци, кои останале во Македонија и бил илегален началник на околискиот комитет на Организацијата во Прилеп до крајот на 1904 година.
Бил делегат на Прилепскиот конгрес во мај-јуни 1904 година, кој му ја доделил задачата да ја води борбата со Српското четничко движење во Азот. На конгресот го поддржувал децентрализаторското реформистичко крило на Пере Тошев и Ѓорче Петров, додека Петар Ацев го поддржувал централистичкото крило околу Даме Груев.
Поради своите убедувања во Прилеп влегува во конфликт со Петар Мрмев, Никола Биолчев, Андон Димитров и други.

Во 1905-1906 година бил секретар во врховистичката чета на поручникот Љубомир Стоенчев во Петричко.
За време на Првата балканска војна во 1912 година, Тренков бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во 4-тата чета на 6-тата Охридска дружина.
По балканските војни е назначен за началник на разузнавачкиот центар во Ќустендил.
За време на Првата светска војна е бугарски окружен управник во Призрен.
Неговиот син, Христо Тренков (1912 – 1971) бил виден бугарски библиограф.

Починал на 6 декември 1960 година во Русе, Бугарија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc