Волче Наумчески...

Волче Наумчески

Волче Наумчески е роден на 18 јануари 1916 година во Прилеп.

Во 1934 година се зачленил во „Трезвена ложа“. Во тој период ја напишал и својата прва песна „Молитва“. Во 1939 година му е објавена првата стихозбирка „Иди пролет“, печатена во Битола. Во 1940 година бил мобилизиран во војската на Кралска Југославија. За време на окупацијата бил заробен и одведен во Бугарија.

По враќањето во Прилеп активно учествувал во револуционерното движење во градот, а за време на октомвриското востание бил непосреден учесник. За време на НОБ Волче бил редок партизан, кој во исто време во своите раце ги имал и пушката, и перото, бидејќи постојано пишувал и фаќал белешки.

По војната работел во МВР, оддел за агитација и пропаганда.

Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни, меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно време“ и „Седумдесет цветови“. За своите залагања во НОБ е одликуван со Орден на храброст, Орден за заслуги за народ и Орден на трудот.

Од областа на литературата добитник е на наградата „11 октомври“ за животно дело.

Почина на 20 март 1980 година во Скопје.

МАКЕДОНСКИОТ ЧАПАЕВ

„Те помнам, те помнам ко детенце уште
Си игравме в школо низ прашниот двор
Те помнам, те помнам гушнати бевме
Над првите букви под вишниот бор…
Загина македонскиот Чапаев!
Низ јуриши силни со другари смели
Со пушка во раце со знаме во сјај
…се така те помна, о другар мој верен
… ти леташ и пееш низ родниот крај!“

(Песна во чест на Илија Игески-Цветан)

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc