Печатот на ВМОРО.

Владимир Куситасев

Владимир (Миро) Тасев или Куситасев бил македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Куситасев е роден во Прилеп, тогаш во Османлиската империја. Во 1901 година ја завршил Солунската машка гимназија „Свети Кирил и Методиј“. Станал полномошник на Централниот комитет на ВМОРО и раководител на терористичките групи во Солун. Во Илинденското востание Куситасев бил четник при Крсто Асенов и бил избран за реонски началник на Ениџевардарско.

Умрел во 1904 година во Солун.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc