Владимир Кусев

Владимир Кусев

Владимир Кусев (1867-1937) е роден во Прилеп и бил роднина на митрополитот Методиј Кусев.

Во 1884 година бил на школување во Пловдив, кога заедно со Пере Тошев и со Спиро Костов од Велес, во градот Станимака (Асеновград) организирале Револуционерен комитет за ослободување на Македонија и Одринско.

Завршил правни науки во Русија и работел како адвокат и судија во Софија. Посветено работел за помирување на завојуваните Македонски фракции во Бугарија. Од 1922, па до 1924 година, бил претседател на Националниот комитет на сојузот на Македонските братства во Бугарија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc