Иван Велков: „Вера Доне Ацева (Доста), портрет“, 1972/73

Вера Ацева

Вера Ацева – Доста е родена на 24 ноември 1919 година во Ореовец.
Поради лошата материјална состојба, Ацева е принудена да го прекине образованието по завршувањето на втор клас гимназија и да се вработи во тутунската индустрија.
На работничкото движење му пристапува на 16 години. Станува член на КПЈ на почетокот на 1940 година. Во септември истата година, на Покраинската конференција, е избрана за член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Од септември 1940 до ноември 1941 година е секретар на Месниот комитет во Прилеп.
Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. На почетокот од 1942 година работи во ПК КПЈ во Скопје, а потоа е партиски инструктор во Струмица, Битола и Штип. Во август 1943 година станува комесар на Шарскиот партизански одред, а кога на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада, Ацева е избрана за заменик-политички комесар. На таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум
По ослободувањето била член на Владата на НРМ, член на Сојузниот извршен совет, пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ.
Во 1946 била избрана за претседател на Анти-фашистичкиот фронт на жените (АФЖ), со кој раководела до 1948 година кога билан назначена за Градоначалник на Скопје.

На Петтиот конгрес на КПЈ во 1948 година била избрана во Централниот комитет на КПЈ.

Во 1960 година Ацева дошла во судир со тогашниот секретар на Сојузот на комунистите на Македонија, Лазар Колишевски, обвинувајќи го дека заедно со Видое Смилевски–Бато ги донесувал одлуките надвор од Извршниот комитет на СКМ.
Поради тоа, на седницата од 18 октомври 1960 година од Белград дошол Александар Ранковиќ, кој застанал на страната на Колишевски. Ацева била принудена да се повлече и била преместена на работа во Белград.

Умира во Скопје на 10 ноември 2006 година.

Носител е на орден „Народен Херој“ на СФР Југославија и СР Македонија.

1 коментар

  • Mirce May 3, 2012

    si zaboravil dA spomnis i deka e organizator na vostanieto 11 oktomvri ,koe bilo poprecuvano od kolisevski,no verka mu se sprotistavila i eteti go 11 Oktomvri :)

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc