Васил Дундов...

Васил Дундов

Васил Дундов бил бизнисмен од Стелтон, Пенсилванија.

Роден е во Прилеп во 1898 година во семејството на Јон Џон Дундов, учесник во црковно – просветните борби во Прилеп. Во 1912 година, на 14-годишна возрастзаедно со мајка му Рајна Башеска-Дундова, братот Михаил и сестрата Маре заминува во Стелтон, Пенсилванија кај својот татко кој заминал неколку години пред тоа.

Во Стелтон Васил станува угледен граѓанин и бизнисмен. Со својот татко бил член на црковно-училишната управа при црквата „Свето Благовештение“ во Стелтон а напоредно со тоа Дундов е активен член на МПО „Прилеп“ од Стелтон.
Во бракот со сопругата Олга со потекло од Банат има син и две ќерки кои го зборуваат денешниот прилепски говор.

Починал во 1964 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc