1908: Четата на Трајко Волчев Зојката сликани на Хуриетот во Битола...

Трајко Волчев Зојката

Трајко Волчев Зојката е роден во Мариовското село Живово.

Откако семејството му било убиено од грчките андарти, се приклучил во редовите на ВМОРО и станал нелегален четник во четата на Иван Смичков. Заедно со Марко Христов од Витолиште, го убиле селскиот шпион Трајко Бегот, а подоцна во близина на Полчиште ги убиле Васил и Мерко од гркоманската андартска чета на Стојан Цицов. Во 1908 година станал Мариовски војвода.
Починал во 1937 година во родното Живово.

На фотографијата од месец јули, 1908 година, сликан е претседателот на Битолскиот револуционерен округ Милан Матов и окружните војводи на ВМОРО за време на Младотурската револуција.

Од лево кон десно: прв ред (седнати) – Трајко Зојката, Крсте Маликов, Славчо Пирчев, Ангел Базернишки, Божин Волчев; втор ред – Димко Драговчето, Крсте Лондев, Блаже Биринчето, Милан Матов, Крсто Трајков, Крсто Алексов; трет ред (стојат) – Ѓурчин Петров, Ѓорѓи Ралев, Никола Досев, Коста (Петре) Костурски, Димко Богов, Пецо Христов, Лазар Цириов, Стојан Мариовчето.

1 коментар

  • Касиопеја April 30, 2013

    Женет бил за Филомена, врз нејзе ги колеле сите од семејството, за среќа близначињата биле спасени, подоцна машкото Јован посвоено од семејство Пирганоски, тој е татко на Павлина Пирганоска.

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc