Втора генерација шумарски инжинери, меѓу кои е и Тома Захариев.

Тома Захариев

Тома Христов Захариев е познат шумарски инженер, професор во Земјоделско-шумарскиот факултет при Софискиот универзитет.

Тома е роден во 1884 година во Прилеп. Завршил Шумарски факултет при Горскиот институт во Санкт Петербург, Русија.Специјализирал во Пермската губернија, каде што се стекнал со титулата „научник по шумарски науки I степен“. Во периодот 1908/12 година бил шеф на шумарската служба во Софискиот шумарски оддел и во Гениш ада, Варненско. Во 1910 година бил еден од основачите на Друштвото на шумарските инженери во Бугарија. Во 1920 година бил инспектор по арондација, а подоцна станал и главен инспектор по премер и уредба на шумите при Министерството на земјоделство и државни имоти.

Во 1925 година специјализирал на Циришката политехника, Швајцарија. Од 1 декември 1928 година бил основач и до 1940 година директор на Службата по шумско искуство при одделението на шумите и ловот при Министерството за земјоделство, кое е прв шумски научно-истражувачки оддел во Бугарија.

Во 1922/25 година предавал на двегодишниот курс за шумарски инженери со виш степен, како и во Државното средно техничко училиште „Цар Борис III“. Од 1926 до 1928 година бил лектор по општо шумарство при Земјоделско-шумарскиот факултет.

Автор е на повеќе трудови од својата област.

Тома Захариев починал на 23 октомври 1940 година во Софија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc