Грбот на ВМОРО.

Тале Мирчев

Тале Мирчев е македонски револуционер, прилепски вој­вода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Мирчев е роден во октомври 1872 година во Прилеп. Завршил основно образование и од 1901 година бил член на ВМОРО. Бил четник при Петар Ацев во 1902/03 година, а во 1904 година бил војвода во Прилепско. За време на Балканската војна бил доброволец во Четвртата чета на Шестата охридска дружина на Македонско-одринските доброволци. Носител е на орден „За храброст“ IV степен. За време на Првата светска војна Мирчев служел во Вториот пешадиски македонски полк на Единаесеттата пешадиска македонска дивизија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc