Стефос Григориу, Стојан Цицов и Павле Илиев.

Стојан Цицов

Стојан Цицов е роден во Mариовското село Бешиште. По засилувањето на македонското револуционерно движење се приклучил во Македонската револуционерна организација и станал војвода на чета со која го обиколувал Мариово, се до 1906 година, кога заедно со својот помошник Брајан Трајков (Μπραγιάννης Τράικος) од Живово и целата чета за 50 лири преминал на страната на грчката кауза и од војвода станува капитен Стефос Цицос (Στέφος Τσίτσου). Тој успеал со пари да го „погрчи“ сето Горно Маало во село Бешиште. За својот „успех“, Цицос му реферирал на капетанот Кондилис, кој за погрчување на мариовското население бил испратен со многу пари, дури од Атина. За пари, доста Градевци од егзархисти стануваат патријаршисти, а така било и во други села во Битолскиот и Прилепскиот округ. Во тој период грчките андарти ги запоседнале Мариовските села Градешница, Будимерци, Старавина, Зовиќ, Груниште, Врпско, Витолиште, Полчиште, Бешиште и Манастир.

Партијаршијата во овие села испраќала свои даскали. Грчкиот владика во Битола, во овие села вработил свои свештеници. Андаритите ја засилиле пропагандата за погрчување на населението. Некои ехзархисти за пари, а некои под присила, станале патријаршисти.

Четата на војводата Крсте Гермов – Шаќир, по добиеното писмо од окружниот комитет во Битола, со својата чета го запалил селото Груниште, за да им се одмазди на „погрчените“ Грунивци. За возврат, грчките андарти го запалиле селото Живово и убиле неколку невини селани.

Цицов како андартски капетан го обиколувал Прилепско и успеал под своја контрола, откако ги ликвидирал дејците на Македонската револуционерна организација, да ги контролира селата.

Во 1907 година, Цицов и Трајков побарале средба со четата на Иван Смичков, но на договорената средба не присуствувале. Марко Христов од Витолиште и Трајко Зојката ги ликвидирале андартите на Цицов, Васил и Мерко, а Стале Чашулков го ослободиле.

Во Полчиште и Бешиште, мариовската чета на Македонската револуционерна организација ги ликвидирала братот на Трајков и Петар Севдиков. Како одговор на овие ликвидации, андартите ги нападнале селаните од Витолиште, но биле сочекани во заседа, во која биле убиени неколку андарти.

Во реонот на Цицов како помош дошол андартскиот капетан Константинос Кутас (капетан Гуда) со својата чета, но бил елиминиран од мариовската чета меѓу Живово и Врпско. Во борбата учествувале и андартите на Цициов, а подоцна андартската чета бил разбиена од Васил Балевски во Полчиште.

Во 1912 година, Цицов и Трајанов раководеле две андартски чети во Мариово.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc