Стефанка Јосифоска, сликана како ученичка во втори клас Гимназија во Кралево, со нејзината тетка Спасија, 1938...

Стефанка Јосифоска

Стефанка Јосифоска (средната од трите сестри на Кузман Јосифоски-Питу), родена е во 1924 година, а од 1928 година живеела како посинета кај својата тетка во Кралево, која немала деца.

Основно училиште и Гимназија завршила во Кралево, а Електротехнички факултет во Белград. Во 1941 година се приклучила на партизанските одреди. Во 1943 година бил заробена од Гестапо и затворена во логорот Бањица, но ја избегнала смртната пресуда.

По војната, како електроинжинер, еден период работела на изградбата на Мавровските електрани, а потоа, се до пензионирањето, работела во Електростопанство во Скопје.

Почина на 19 март 2004 година.

Стефанка Јосифоска-Прохаска е првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc