Спасе Темелкоски

Спасе Темелкоски

Спасе Темелкоски е роден во 1922 година во селото Тројаци.

Во 1925 година неговото семејство се преселило во Прилеп. Тука Спасе завршил основно училиште, а потоа кај Сотир Бодикуче го изучил ковачкиот занает. Под влијание на неговата сестра Венда, Спасе зе зачленил во напредните илегални организации, а неговата дејност особено се засилила по доаѓањето на бугарскиот окупатор во Македонија. Како скоевец, заедно со неговиот другар Стеван Абакот, се приклучил кон партизанското движење.

Спасе учествувал во ликвидацијата на познатиот прилепски кодош Трајко Гулабот. Како партизан, имал за должност редовно да известува од делувањето и активноста на Одредот.

Спасе Темелкоски се самоубил при една вооружена пресметка со бугарскиопт окупатор. Не можејќи да му се спротивстави на многубројниот непријател, тој ја активирал псоледната бомба што ја имал, и така го завршил својот млад живот.

1 коментар

  • Илија Ристески November 21, 2016

    Македонската борба е борба за правда и божја вистина .Иако се работи за подалечен настан сепак многу близок и значаен за Македонската историја , Господ Бог да го прими во царството негово – него , Спасе Темелкоски
    првата жртва на фашистите и окупатори Бугари кои само го заменија претходното Српско ропство! Вечна му слава !

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc