Грбот на ВМОРО.

Ристо Милчин

Ристо (Ицо) Милчин е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Ристо Милчин е роден во Прилеп. Станал мухтар на едно градско маало, а истовремено ја помагал ВМОРО во градот. Заради тоа бил уапсен и неколку години бил затворен во Битолскиот затвор.

Негови синови се:

Бојан Милчин, четник при Христо Оклев, кој загинал во мај 1903 година во Никодин, во битката со бандата на Булиман;

Борис Милчин, доброволец во МОО, служел во 3-тата чета на 5-тата одринска дружина, загинал во битката со Србите за време на Меѓусојузничката војна на 9 јули 1913 година на 40 години;

Владимир Милчин, револуционер от ВМОК, четник при Иван Цончев во Горноџумајското востание, агент на ВМОК во Албанија, уапсен и лежел во Битолскиот затвор, починал во Софија во 1939 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc