Рампе Стеваноски

Рампе Стеваноски

Рампе Стеваноски е роден во 1917 година во селото Долгаец.

На пораѓајот починала неговата мајка, па Рампе го одгледале стрините во голема сиромаштија. Неговиот татко, по враќањето од војска, се преселил во Прилеп, каде што и се преженил, но малиот Рампе не бил прифатен од неговата маќеа.

Основното образование го завршил во Долгаец, а во 1929 година започнал да го изучува дограмаџискиот занает во Прилеп. Тука се здружил со младата напредна интелигенција и во 1935 година се вклучил во синдикалната организација на УРССЈ (Уједињени раднички синдикални савез Југославије). Во 1939 година станал член на КПЈ.

По рацијата на српската полиција во просториите на УРССЈ и на КУД Коста Абрашевиќ на 9 септември 1940 година, библиотечниот фонд и музичките инструменти биле пренесени во куќата на Рампе Стеваноски.

По масовните апсења, поради членување во нелегални организации, заедно со повеќе младинци бил уапсен и Рампе и задршан во истражниот затвор 15 денови, а во меѓувреме бил извршен претрес во неговата куќа, од каде што биле запленети печатите од здруженијата.

Насилно бил регрутиран од бугарската војска, но со една група на регрути успеал да пребега и да се крие како илегалец. Заминал во Софија да го усоврши дограмаџискиот занает, но поради опасноста да го регрутираат во бугарската војска пребегал во Кичево, каде што бил уапсен од италијанските фашисти.

На крајот од НОБ учествувал во битките на Сремскиот фронт, каде што бил тешко ранет и лекуван во Нови Сад. По војната останал да работи како дограмаџија, а боречка пензија добил дури во 1988 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc