Петар Мрмев

Петар Мрмев

Петар Мрмев е македонски политичар, новинар, просветен деец и револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Мрмев е роден на 23 април 1884 година во Прилеп. Во 1907 година завршува трговска гимназија во Лозана, Швајцарија, а потоа – социологија. Работел како учител во Прилеп во периодот од 1902–1904 година и бил член на околискиот комитет на ВМОРО. Участвувал во редакцијата на револуционерниот весник „Шило“. По заминувањето од Прилеп, Мрмев учителствувал во Одринската бугарска машка гимназија, во Свиштов, Софија и на други места. Зел участво во редактирањето на весникот „Независна Македонија“, во периодот 1923–1926 гоина и на списанието „Илустрации Илинден” од 1928-1944 година. Бил член-основач и на Македонскиот научен институт. Во 1928 година, по убиството на Александар Протогеров, кус период бил во редакцијата на весникот „Македонија“ заедно со Иван Хаџов, Георги Кондов и Данаил Крапчев. Бил избран и за советник во раководството на Илинденската организација во 1929 и 1931 година, на Петтиот и Шестиот редовен конгрес на организацијата.

Бил народен претставник од Горноџумајско (заедно со Иван Ингилизов и Васил Василев) од македонската парламентарна група в ХХІІІ ОНС (1931-1934) и нејзин секретар.

Во 1933 година, на Големиот македонски собор, заедно со раководителите на другите иселенички македонски организации, го потпишал Повикот кон македонскиот народ.

По 19-мајскиот преврат бил уапсен од новата власт и бил суден, а подоцна бил притворен во Лом.

Умрел на 23 јули 1945 година во Свиштов.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc