Петар Иваноски - Тиквар

Петар Иваноски – Тиквар

Петар Иваноски – Тиквар е роден во Прилеп на 28 април 1920 година.

Во 1936 година станал член на СКОЈ, а од 1938 и на КПЈ. Бил член и секретар на Месниот комитет на КПЈ во Прилеп. Од септември 1940, до август 1941 година бил организационен секретар на ПК на КП во Македонија. Во 1940 година учествувал на петтата земска конференција на КПЈ.

По окупацијата бил член и секретар на Месниот партиски комитет во Скопје и командант на Оперативниот воен штаб. Во 1942 година бил ранет и заробен. Бил затворен во затворот „Идризово“ до 1944 година. По успешното бегство се вклучил во партизанските единици. Бил командант на 42-та македонска дивизија и на XI МНО бригада. Бил делегат и учесник на основачкото собрание на АСНОМ на 2 август 1944 година.

По ослободувањето работел во ОЗНА, а потоа раководел со крупни стопански организации. Бил директор на ФАС „11 Октомври“ и на Железарницата во Скопје.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc