Пенка Котеска

Пенка Котеска

Пенка Илиева Котеска е родена 1923 година во Прилеп.

Куќата на нејзините родители во населбата Рид била збиралиште на напредната младина во градот, а за време на окупацијата се користела за прибирање и чување на материјално-технички средства, кои ги користеле движењето на отпорот.

Пенка во народно ослободителното движење се приклучила уште во првите денови од окупацијата. Учествувала во борбите кај рудникот за момирок Лигураса на 25 мај 1944 година, каде што била ранета во стомакот и долните екстремитети. Починала следниот ден на Кукурушки Орман, над селото Бахово – Мегленско.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc