Павлина Пирганоска...

Павлина Пирганоска

Павлина Иванова Пирганоска е родена 1924 година во Прилеп.

По завршувањето на основното образование, го изучува фризерскиот занает во Скопје и станува првата жена фризер која работела во прилепската чаршија, најпрво во машката берберница на Андон Слабејко. Како младинка се вклучува во КП и зема активно учество во подготовките на октомвриското востание.

Учесник е во формирањето на првиот партизански одред на Црвени стени, а за време на нападите на 11 октомври била во групата со Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле и Киро Базерко.

Набрзо со масовните апсења иницирани од претходните напади во Прилеп, Павлина била предадена од нејзиниот комшија Мамин Коло, по што била уапсена од бугарската фашистичка полиција.

На судскиот процес организиран на 25 ноември 1941 година во Битола, на кој им се судело на осомничените учесници во нападите врз фашистичките цели во Прилеп, била ослободена од обвиненија, бидејќи немале докази за нејзината вмешаност во вооружените напади.

По војната стапила во брак со Киро Стојаноски и успешно работела со фризерскиот занает.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc