Параскева Лозанчева...

Параскева Лозанчева

Параскева Лозанчева е родена во Прилеп во 1880 година.

Била ќерка на познатиот прилепски чорбаџија Коста Билочев. Го поддржувала македонското ослободително движење. На 22 јануари 1900 година се омажила за револуционерот Анастас Лозанчев од Битола.

Во нивната куќа организацијата имала сигурна заштита, а Параскева со сите сили ја потпомагала борбата на македонскиот народ против поробувачите, давајќи им храна, преноќевалиште и облека.

По Балканските војни Параскева Лозанчева и децата се преселиле во Софија кај својот маж Анастас.

Параскева починала на 19 февруари 1936 година во Софија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc