Македонски научен институт

Пантелеј Баџов

Пантелеј Баџов е македонски просветен деец, правник, новинар и економист.

Баџов е роден во 1860 година во Прилеп. Завршил средно образование и станал учител во Самоков, Битола, Тетово и Воден. Бил главен учител во Прилепското четирикласно училиште во 1882/83 година.

Завршил правни науки во Софискиот универзитет и работел како адвокат во Софија. Се занимавал и со новинарство. Во 1908 година работел во „Бугарскиот трговски весник“. Неговиот колега, новинарот Петар Карчев го опишал како „голем почитувач на дедо Драган Цанков, кој претендира да ги познава стопанските прашања на своето време“.

Баџов ги издава весниците „Трговско-индустриски весник“ и „Поминок“. Баџов е еден од основачите на Бугарската економска заедница.

Баџов бил активен деец на македонската емиграција. Бил делегат од Ќустендил на Третиот конгрес на Македонската организација.Бил член на Македонскиот научен институт. Автор е на првиот бугарски „Правен речник“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc