Орде Паноски - Кабоца

Орде Паноски – Кабацо

Орде Паноски – Кабацо е роден е на 29 септември 1922 година во Прилеп.

По завршувањето на основното образование, се вработил во прилепската чаршија каде што станал кондураџија. Потоа се вработил како сезонски работник во Монополот. Тука се вклучил во ослободителното движење. Набрзо станал член и на КП. Се приклучил кон партизаните во 1941 година.

Набрзо во 1942 година бил уапсен и по неколку денови измачување во прилепскиот затвор бил стрелан од бугарската војска кај месноста Дабнички завој, на патот за Дабница.

6 коментари

  • marija pasovska August 11, 2012

    Прекарот не му е точно напишан треба да стои Кабацо.Ги молам администраторите: исправете ја грешката и проверете во “Прилеп и прилепско низ историјата”книга 2 стр.289
    8 hours ago via Mobile · Like

    Respond
  • PSF August 12, 2012

    Во книгата „Прилепска Хроника – НОБ“ каде што е споменат (На стр.: 68, 79, 127, 228, 229 и 250), како и во регистерот на имиња во истата книга е споменат како Кабоца… Лично не знам на Орде како му е правилен прекарот бидејќи го имам сретнато и како Орде Паноски – Кобецот …
    Радо би направил корекција но само доколку има поцврсти докази….
    Доколку имате повеќе информации ве молам слободно пишете ни.
    Позз…

    Respond
    • марија August 12, 2012

      Мене ми е дедо и ние знаеме дека е Кабацо и мислам дека изворот што го наведов е доволно веродостоен но може да проверите и во Участакот исто

      Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc