Орде Караџоски

Орде Караџоски

Орде Караџоски е роден во 1927 година во Прилеп.

Како гимназијалец, го уредувал ѕидниот весник во прилепската Гимназија. Потоа објавувал свои текстови во младинскиот југословенски весник „Омладина“. По завршувањето на Гимназијата се запишал на вишата новинарско-дипломатска школа во Белград, но од семејни причини не ја завршил.

По враќањето во Прилеп работел како директор на Домот за култура, а бил дописник на весниците „Нова Македонија“ и белградска „Политика“, а соработувал и со списанијата „Современа пракса“ и прилепски „Народен глас“.

Починал на 24 март 2003 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc