Ордан Михајлоски - Оцка

Ордан Михајлоски – Оцка

Ордан Михајлоски – Оцка е роден 1921 во Прилеп.

Бил талентиран музичар и образован виолинист. Како член на првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ учествувал во неговото формирање на 23 октомври 1941 година. Заедно со Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, во близина на манастирот кај велешкото село Степанци, учествувал во создавањето на песната и музиката за химната на партизанското движење во Македонија „А бре, Македонче“, која ја имала својата прва изведба на 8 ноември 1941 година, во прилепското село Царевиќ, на првиот народен собир во поробена Македонија.

Загинал на 3 мај 1942 година во Ореовската корија во близина на Битола, при разбивањето на партизанскиот одред „Пелистер“ од страна на бугарскиот окупатор.

Во негова чест, основното музичко училиште во градот Прилеп го носи неговото име.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc