Втора светска војна: Панихида за загинатите четници

Никола Каранџулов

Никола Каранџулов е роден во 1880 година во Прилеп.

Учел во Прилеп, Битола и Ќустендил а во Загреб го завршил Педагошкото училиште. Како ученик во Педагошкото училиште во Ќустендил, во 1893 година учествувал во образованието на членовите на Македонското младинско друштво.

По завршувањето на образованието се вратил во Македонија, за да учествува во револуционерната дејност на ВМОРО, каде што бил член од 1898 година. Додека учителствувал во Прилеп, во учебната 1898/1899 година, бил раководител на Околискиот револуционерен комитет.

Следната учебна година (1899/1900) работел во Куманово, а од 1900 до 1902 година бил учител во Крива Паланка.

Во март 1903 година, поради револуционерната дејност бил осуден на 6 години и бил затворен во Битолскиот затвор, од каде што успеал да избега со уште 32 затвореници. Во март 1904 година, станал војвода на сопствена чета и инструктор-ревизор на чети во Прилепско. Негов четник во тоа време бил и Крсто Гермов (Шаќир војвода).

Бил учесник на Прилепскиот конгрес во 1904 година.

На 28 јуни 1904 година, четите на војводите Петар Ацев и Никола Каранџулов воделе борби со турскиот аскер во месноста „Ќулето“, кај Селце. Во битката, Каранџулов бил ранет и по негово барање бил застрелан од негов четник.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc