Мирчо Кочов

Мирчо Кочов

Мирчо Бошков Кочов е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Мирчо Кочов е роден на 8 април 1865 година во Прилеп. Живеел во Крушево, каде што формирал семејство. Се присоединил кон ВМОРО и участвувал во Илинденското востание со демирхисарската чета на Мирчо Сопотски. По војните за национална слобода се преселил во Софија. Работел како самарџия до крајот на својот живот на 7 април 1935 година. Бил член на Илинденската организација.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc