Војводата Мирче Ацев сликан во Софија...

Мирче Ацев Оровчанец

Мирче Ацев Оровчанец е роден во 1859 година во село Ореовец.

По завршувањето на основното училиште работел како овчар, полјоделец и кираџија. Заедно со браќата Петар и Ѓорѓи се приклучува кон ВМОРО, а по убиството на татко му од Турците, се приклучува во четата на Коне Павле(в).

На Тодорица, 1886 година, четата влегува во манастирот „Свети Арахангел Михаил“ во Варош, но откриена е од Турците и е разбиена, при што Коне Павле и Мирче Ацев се заробени.
Мирче е затворен во Солунскиот затвор Бејаз Куле (Белата кула), од каде што успева да избега и да се префрли во Софија.

За време на престојот во Софија, на 3 јули 1895 година, учествува во убиството на Стефан Стамболов (Претседател на бугарската влада), подготвено од ресенчанецот Наум Туфекчиев.
Директните извршители и организаторот ја избегнале правдата, додека за соучестништвон е осуден на три години затвор само Мирче Ацев.
Според некои сведоци, за услугата му дале сто турски лири, додека другите сведоци тврделе дека Туфекчиев по атентатот му ветил 75 наполеона и нов пајтон.

По издржувањето на казната во 1899 година, со чета заминува за Неврокопско, каде што неколку пати имал успешни судири со турската власт. Во 1900 година, со терористичка чета подготвена од ВМОК (Врховниот македонско-одрински комитет) влегува во Прилепско, при што успешно ликвидираат повеќе турски аги и зулумџии во околината на Прилеп. Во 1901 година, на пат кон тиквешкото село Уланци, Турците ја откриваат и ја опколуваат неговата чета. По неколку часовна борба четата била разбиена, при што загинува и Мирче Ацев Оровчанец.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc