Милан Димоски - Кладенски

Милан Димоски – Кладенски

Милан Димоски – Кладенски , е роден во 1923 година во Прилеп, Тризла маало.

По негова иницијатива формиран е маалскиот ФК „Тризла“, во кој израснале фудбалери, кои подоцна играле во СК „Југославија“, СК „Хајдук“… Меѓу нив особено се истакнале Сабрија Дебрешко, Митко Цветаноски, Раде Зуде, Илија Кузманоски…

Бил активен учесник во НОБ и член на првата скоевска група во Прилеп. Како вооружен партизан, учествувал во нападот на участакот. Подоцна бил уапсен од бугарската полиција и осуден на 8 години затвор во Битола, каде што останал се до капитулацијата на фашистичка Бугарија.

По ослободувањето, работел во органите за внатрешни работи во Скопје.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc