Љубен Георгиевски - Љупта и Коста Нечески во слободно Скопје...

Љубен Георгиевски – Љупта

Љубен Георгиевски – Љупта е роден 1925 година во Прилеп.

Уште како млад се вклучил во Народноослободителната и антифашистичка борба, во почетокот дејствувајќи како член на СКОЈ, а потоа и како член на КП. По атентатот кај тунелот во Богомила, заедно со други истакнати комунисти, бил уапсен од бугарската полиција, но по тридневно испрашување и заплашување биле ослободени поради недоволно имање на докази.

Меѓу многуте должности, бил и заменик политички комесар на Петтата прилепска ударна бригада, а соборците на него се сеќаваат по неоспорниот допринос во борбата против фашизмот. За учеството во НОАВМ е награден со повеќе високи одликувања и признанија.

Носител е на Партизанска споменица 1941 година.

Во повоениот период подолго време го предавал предметот ОНО на Скопскиот универзитет. Се докажал и како литературен творец во областа на историографијата, за што напишал 13 монографии.

Почина во 2009 година во Скопје.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc