Четата на Шаќир Војвода...

Крсто Гермов – Шаќир Војвода

Крсто Гермов – Шаќир Војвода е роден 1868 година вo Прилеп.

Најпрво работел како кројач во Прилеп, до 1901 година, кога се приклучува на четата на Петар Ацев. Извршувал функција секретар во четата на Стојан Трајков (Толе Паша), а потоа станал реонски војвода во Мариово.

За време на Илинденското востание зел активно учество во повеќе борби против турскиот аскер. По востанието, пролетта 1904 година, му се придружил на Ѓорче Петров, а потоа бил четник во четата на Никола Каранџулов. Во 1906 година, заедно со Иван Ѓуров, бил уапсен од турската власт и бил осуден на доживотен затвор. Амнестиран бил за време на Хуриетот во 1908 година.

Во 1910 година, по акцијата за разорожување од турската власт, заминал за Софија, каде што отворил кафеана, а подоцна работел и како кондуктер на трамвај. Участвувал во Првата и Втората Балканска војна како војвода на седмата чета на Македоно-одринското ополчение (Доброволни единици), а подоцна служел во штабот на 4-та битолска дружина. За покажаната храброст бил награден со „Орден за храброст, IV степен“.

Во периодот од 1935-1936 година, во Софија, заедно со Ангел Динев, го уредувал левоориентираното списание „Македонски вести“.

На 26 октомври 1944 година, Светозар Вукмановиќ-Темпо испратил барање до новата влада на Бугарија да дозволи доаѓање и испратил покана до Мире Атанасов, Петар Шанданов, Крсто Гермов, Александар Мартулков, Туше Делииванов, Павел Шатев, Венко Марковски, Олга Петрушева и други видни Македонски дејци, кои ќе учествуваат во формирањето на Народна Република Македонија .

Во ноември 1944 година, Крсто Гермов се одѕвал на поканата и заминал за Македонија, каде што се вклучил во АСНОМ. Бил избран за народен пратеник на Народното собрание на Македонија со мандат од Прилеп. На 1 септември 1946 година, во Скопје го отворил првото заседание на Собранието, како најстар народен пратеник.

Починал во Скопје на 17 декември 1962, а погребан е со високи почести во родниот град Прилеп.

5 коментари

  • Пра-Внук на Шаќир February 13, 2013

    Ги молам на македонските циници и крадци на историја да ја вратат приказната за Шаќир војвода од кај што ја украле!
    Оваа не е македонска приказна, оваа не е никаков крсто, не е човек што се борел за интересите на македонија, се е ова украдено и преправено во обратна смисла.
    ВИСТИНА : Шаќир Војвода (1868-1964), Турски војвода, кој ги бранел интересите на Турската Империја заедно со неговите 8 браќа, кои заедно го поседувале Мавровско-Дебарскиот регион, во тогашни граници и во делови на Албанија.
    Е сега македонија за да не излезе посрамотена односно што би рекле грците, без историја, ваквите вистинити приказни ги конвертирала во невистинити, односно на начин соодветен за нив, со цел да создаде историја, да манипулира со народот, и да докаже нешто …неосновано.
    Ма каков гоце делчев , карев , сандански, тие биле туѓи шпиони, тие навистина сакале да ја ослободат македонија, но да си ја поделат помеѓу нивните мајки-држави, бугарија, грција и србија. А Шаќир Војвода, за да не дојде до такво сценарио, бил приморан да ги ликвидира таквите како предходно споменатите, во неговиот реон. Од семејната историја дознавам дека Шаќир Војвода, со својата сабја погубил многу македонски шпиони, делкајќи ги на парчиња.
    И сега тука некој ке кажува, крсто од прилем, ви се молам.

    Respond
    • PSF February 17, 2013

      Дечко случајно да не си ги помешал апчињата?
      За оваа твоја состојба има соодветни институции каде што се надевам дека ќе ти излезат во пресрет…
      Побрзај можеби ќе биде доцна…
      Со најискрени желби за брзо оздравување…
      Редакцијата на http://www.oldprilep.com

      Respond
    • Виститнски-ГОРД Правнук February 26, 2013

      Море „братучед“ стварно да не имаш некоја грешка напраено со рецептите.
      По алиас-ов што го употребуваш можам само да заклучам дека сонуваш да бидиш дел од една ваква горда фамилија, да носиш такво име. А пошто очигледно не можиш, или и самиот припаќаш на некоја шпиунска лига, па удри и по другите.
      Е не „братучед“!
      Стално ќе не има нас, оние кои гордо го носиме тоа име да си го одбраниме. Стално ке не има да ги урниме овие лаги за големиот ШАКИР Војвода, кога некој ….. како тебе ќе проба да измисли нешто што не е. И стално ќе не има гордо да застанеме пред вистината за животот и делото на Шакир.

      ГЕРМОВ

      Respond
  • jovan September 1, 2015

    Крсто Гермов ,наречен Шакир војвода лично го познавав иако бев многу мал. Човекот долу со манлихерата ,од десната страна на фотографијатат е мојот пра-дедо Харалампие Миленков ( роден на 10.12.1865 ,умрел 1966 во Прилеп ),комита и четник во четите на Крсто Гермов,Пере Тошев,Никола Петров, Дамјан Груев….документирано со официјални, турски, српски,бугарски и американски документи.како учесник во борбите за ослободување на Македонија.Работеше и живее во Сакараменто и Сан Франциско ,САД во два наврати 15 и 2 години и се врати во земјава зошто ја сакаше слободна и просперитетна.Беше добар за добрите луќе , а полош за лошите….Нас неговите потомци не име во Прилеп, Битола,Скопје, Белград,Виена, Ајдховен, Копенхаген,Престон, Сиукс фалс,Сиетл, Дубаи…

    Respond
  • вистинска внука на Шакира September 2, 2015

    А бе пра внук, ти навистина си ги побркал апчињата. Јас таков забеган син немам за да му бидеш правнук на Шакир Војвода. Знаеш ли ти како е да се биде потомок на една ваква големина. Не знаеш, нормално, ти си толку ситен и беден за да бидеш дел од нашето гордо семејство.

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc