Крсте Митрески - Господ

Крсте Митрески – Господ

Крсте Митрески – Господ е роден во Прилеп.

Членувал во КПЈ уште на почетокот од окупацијата. Во април 1943 година, заедно со уште седум прилепчани, во отсуство бил осуден од бугарскиот воен суд поради што преминал во илегала. Во почетокот на јули 1943 година, заедно со група од 11 нови борци се приклучил кон прифатна група на новоформираниот партизанскиот одред од Азот, Велешко, кој се наоѓал во околината на Десово.

Оваа група подоцна се присоединила со партизанскиот одред во Азот, од каде што се префрлиле во Дебарца, каде што во септември бил формиран Првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“.

Во текот на 1943 година бил во група составена од Цане Коњарец, Митко Цветаноски, Орде Менкоски и Ристе Мариовецот, која учествувала во повеќе доверливи курирски и диверзантски задачи.

Крсте Митрески-Господ бил учесник во борбите за конечното ослободување на Прилеп.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc