Коста Црнушанов...

Коста Црнушанов

Коста Црнушанов е роден на 24 јануари 1903 година во Прилеп.

Дипломирал философија и историја во Белград. Тој е еден од основачите на ММТРО (Македонската младинска тајна револуционерна организација), основана во 1923 година во Виена. На 5 декември 1927 година бил поведен Скопскиот студентски процес против дејците на ММТРО. Коста Црнушанов по судскиот процес преку Унгарија пребегнал во Софија и целосно се ставил во функција на пропагандната машинерија на Ванчо Михајлов.

Во 1928 година заминал во Виена, каде го издавал весникот „Ослободување”. Во 30-те години се преселил во Софија.
Се вратил во Македонија за време на окупацијата во периодот 1941-1944, како училишен инспектор во Битола.

Во 1990 година тој е еден од обновувачите на Македонскиот научен институт во Софија, кој целосно е посветен на македонското минато и сите свои сили ги користи да докаже дека тоа било бугарско.

Умрел во Софија на 10 октомври 1996 година.

Црнушанов со својот негаторски став кон се што е Македонско во текот на својот живот останал доследен на бугарските позиции за македонското прашање.

Автор е на повеќе историски романи, мемоари и книги, повеќето со антимакедонска и антисрпска содржина. Во 1998 година Коста Црнушанов посмртно е награден со наградата на Република Хрватска – „Орден на Даница Хрватска со ликот на Марко Марулич“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc